„Бизнисот“ со ковид вакцини и фалсификување на серификати не е само „привилегија“ на земјите од балканот, туку го има и во срцето на Европа. Во Германија е забележан случај на девеесет кратно вакцинирање со ковид валцина и продавање на сертификати!
Германец од Магдебург примил 90 дози вакцина против коронавирус, по што продавал сертификати за вакцинација на оние кои не сакале да се вакцинираат.
Станува збор за 60-годишен маж чие име и презиме не се објавени. Со месеци е вакциниран во центрите за вакцинација во сојузната покраина Саксонија, а полицијата неодамна го откри.
Тој не е уапсен, истрагата е во тек и се товари за неовластено издавање и фалсификување документи.
Тој бил забележан во центарот за вакцинација во Ајленбург кога бил меѓу оние што чекале вакцинација втор ден по ред. Полицијата му одзела неколку потврди за вакцинација. Не е познато како 90 дози од вакцината влијаеле на здравјето на осомничениот.
Во Германија во изминатиот период беа спроведени бројни рации со цел да се открие фалсификување на потврдите за вакцинација. Купувачи на овие сертификати се оние кои не сакаат да се вакцинираат, но им требаат сертификати за пр. посета на угостителски објекти.
Во државата се укинуваат епидемиолошките мерки, без разлика што повторно се зголемува бројот на заразени со коронавирус. Некои експерти веруваат дека врвот на пандемскиот бран на омикронскиот сој на коронавирус BA.2 веќе се случил, пренесува Асошиејтед прес (АП).