ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.10.2022
Германски банки го укинуваат работењето со готовина
Автор: Goce Author

Две германски банки – Фолксбанка и Рајфајзенбанка планираат од 1 декември годинава да ги укинат готовинските трансакции во сите свои филијали.

Image by jcomp on Freepik

Плаќањата и повлекувањата во филијалата (шалтер и банкомат) повеќе нема да бидат можни во иднина“, се вели во писмото што клиентите го добиле од Рајфајзенбанк Хохтаунус.

Финансиската институција која припаѓа на Volksbanka во основа целосно ги суспендира операциите со готовина за клиентите, пренесува Fenix ​​Magazine.

Како што велат од Рајфајзенбанк, готовинските плаќања и самиот готовински промет со години постојано се намалуваат, што е видливо и на банкоматите.

„Неодамна имавме само двајца посетители на час“, објаснува Ахим Брунер, извршен директор на Рајфајзенбанк, а пренесува порталот Бонитет.

Бидејќи конкретното однесување на клиентите значително се промени во последниве години, Volksbanka и Raiffeisenbanka сакаат да ги пренасочат плаќањата во дигиталниот сектор.

Најголем пад на еврото во последните 20 години – јакне доларот во однос на еврото

Брунер исто така смета дека затворените места не треба нужно да доведат до загуби.

Во останатите банки засега нема вакви чекори, но јасно е дека намалувањето на интерес на клинетите за готовинско работење ќе бара одговор.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието