ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.12.2021
„Гласно за МС – Битола“ организираше хуманитарен новогодишен базар

Битола доби Здружение за помош и поддршка на лицата заболени од Мултиплекс склероза. “Гласно за МС-Битола” е прво такво здружение во Битола, а неговата цел е да се срушат стереотипите поврзани со оваа болест.


Заедницата за инвалидизирани лица порачува да бидат слушнати и другите 364 денови од годината


“Ова здружение го формиравме со цел да им помогнеме и да ги поддржиме лицата заболени од мултиплекс склероза. Бидејќи оваа болест зафаќа голем замав кај младите возрасни, а кај нас е сеуште табу тема. Наша цел е гласно да се зборува за оваа болест и да се бориме за нашите права, да ги срушиме стереотипите поврзани со МС”  , вели Снежана Пресилска – потпретседателка на здружението.

Здружението делува во Битола и Битолскиот регион. Организатори на здружението се 5 жени од кои 3 не се носат со оваа дијагноза но инсистираат да им помогнат на заболените: Сања Поповска, Снежана Пресилска, Јулијана Лазаревска, Наташа Кузмановска, Билјана Лазаревска.

“Дел од нашето здружение може да биде секој кој ја има дијагнозата G35 мултипла склероза и G37 демиеленизирачка болест под сомнеж за МС. Со доставената дијагноза како доказ се добива пристапница во нашето здружение. За да ги оствариме нашите цели во иднина предвидени се повеќе проекти во соработка со различни организации, хуманитарни настани во кои нашите членови со нивни рачни изработки ќе учествуваат” ,вели Пресилска.

Еден од нивните први настани беше на 24.12.2021, хуманитарен базар кој нудеше различни рачни изработки од членовите.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите