ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.11.2023
Глобалната просечна температура ги надмина границите на Парискиот договор
Автор: Goce Author

Просечната глобална температура во петокот за првпат беше повеќе од два Целзиусови степени над сезонскиот просек од прединдустрискиот период, односно над горната граница на Парискиот договор, објави Европската опсерваторија Коперник.

Според прелиминарните податоци, глобалната температура на 17 ноември била за 2,06 степени Целзиусови повисока од просечната забележана помеѓу 1850 и 1900 година, напиша на X, Саманта Бурџис, заменик-шеф на Одделот за климатски промени во Коперник.

– Прв ден откако се води евиденција, температурата на глобално ниво го надмина прединдустриското ниво за повеќе од 2 степени Целзиусови, додаде таа.

Сегашната клима се смета за потопла за околу 1,2°C во споредба со тој период.

Целта на договорот потпишан во 2015 година на крајот на климатскиот состанок COP21 е да се задржи глобалното просечно зголемување на температурата многу под 2 °C во однос на прединдустриските вредности и да се продолжат напорите за ограничување на зголемувањето на температурата на 1,5 °C над прединдустриски вредности.

Првиот ден кој достигна температура над прагот од 2°C е само дел од серијата неславни рекорди

Во специјалниот извештај на IPCC од 2018 година, експертите за климатски промени собрани под покровителство на ОН ја усвоија дефиницијата за затоплување како просечно „во период од 30 години“ во споредба со „референтниот период од 1850 до 1900 година“.

Аларм – влеговме во долгови за животната средина!

Првиот регистриран ден кој достигна температура над прагот од 2°C е само дел од серијата неславни рекорди.

Температурните записи од јуни до октомври покажуваат дека ова се најтоплите месеци досега забележани, според податоците на Коперник. Официјалните лица веруваат дека 2023 година речиси сигурно ќе го надмине годишниот рекорд поставен во 2016 година.

Октомври 2023 година бил за 1,7 °C потопол од просечниот октомври во периодот од 1850 до 1900 година, објави опсерваторијата на почетокот на ноември.

Рекордните температури резултираат со суши, кои се синоним за глад, разорни пожари или урагани, предупредуваат научниците.

За се ќе се разговара на 28-та климатска конференција на ОН, во Дубаи од 30 ноември до 12 декември.

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години