ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.04.2022
Глобално затоплување – Антарктикот ги „збунува“ научниците
Автор: Goce Author

Во текот на март 2022 година, Антарктикот доживеа рекорден топлотен бран но и невообичаено големи количества снежни врнежи на некои места, што ги збуни научниците.

Photo by 66 north on Unsplash

Ваквите екстремни појави се доказ дека животната средина на замрзнатиот континент се менува како што планетата се загрева. Научниците имаат многу прашања и малку одговори.

Во текот на март 2022 година, мразот што го покрива Антарктичкото Море беше 26 проценти под просекот, што е втора најниска дистрибуција на мраз досега забележана. Источниот Антарктик претрпе невиден топлотен бран, кога температурата се искачи на минус 11,5 степени Целзиусови. Наврнаа околу 10 сантиметри снег, што е повеќе отколку што паѓа во текот на целата година. Инаку, просечната температура на ова подрачје е околу минус 55 Целзиусови степени.

Истражувачката станица Конкордија се наоѓа на 1.000 метри надморска височина и е опкружена со густа ледена пустина.

„Можевме да си дозволиме малку полесно да се облекуваме, откривајќи ги нашите лица, имавме елеци со пердуви над дуксерите со долги ракави. Тоа беше невозможно досега во март“, рече Џулијан Витвицки, истражувач во Конкордија.

Најважниот глечер во светот наречен „Судниот ден“, почна да пука – научниците во паника

Соодветно на сознанијата, научниците истакнуваат дека големите количества снег кои паднале на Антарктикот се последица на глобалното затоплување. Како последица на тоа, кога атмосферата се загрева, таа содржи поголем процент на влага, што значи повеќе врнежи.

Инаку, март 2022 година беше за 0,39 степени потопол од светскиот просек за периодот од 1991 до 2020 година, што го направи петтиот најтопол март на глобално ниво. Во Европа просечната температура беше за 0,43 степени пониска, што го направи март 2022 година трет најстуден во изминатите десет години.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?