98% од Големиот корален гребен во Австралија е подложен на штетна појава позната како избелување на коралите. Според трудот објавен во Current Biology ова е четврта ваква регистрирана појава во период од 1998г. Причина за ова се топлотните бранови и рапидното зголемување на температурата благодарение на глобалното затоплување.
Повеќе за ефектите на глобалното затоплување и штетното влијание врз преостанатите екосистеми, прочитајте овде:
Објавени пет сценарија за иднината на земјата, сите се драматични
Вакво избелување беше регистрирано и во 2016, 2017 и 2020 г. и иако се сметаше дека во јули имаше знаци на подобрување, сепак ваквата појава повторно се регистрираше. Со раст на температурите, коралите ги отфрлаат алгите кои вообичаено живеат врз нивната површина, со што ги губат своите вообичаени бои. Така доаѓа до т.н. избелување.
После ваквата појава, повторно е време за коралите повторно да заздрават за да може да создадат единки и да се вратат до некој степен во првобитната положба. За таа цел потребно е да не бидат изложени на топлотни удари, што се покажа како скоро невозможна мисија бидејќи нема намалување на глобалното затоплување. Научниците сметаат дека шансите за преживување на ваквиот екосистем на подолг рок се многу мали.
Никој од нас не сака да ја загуби убавината на екосистемите, па затоа еве неколку совети за редуцирање на степенот на глобалното затоплување кои можеме да ги направиме за по еколошка иднина: Ковид 19 не го забави загадувањето на воздухот. И сега што?