ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.03.2022
Гоце.мк со награда за новинарски текстови
Автор: Goce Editor

Гоце.мк со награда како потврда и валоризација на квалитетните девет месеци постоење се враќа од Регионална конференција на медиуми од Западен Балкан која се одржа на 23 март во Сараево.

Во конкуренција на медиуми од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово Албанија и Македонија, серијата прилози на goce.mk  на тема стравот од вакцинацијата кај младите и влијанието на лажните вести врз тие стравови се најдоа меѓу трите најдобро оценети од страна на стручна комисија составена од медиумски експерти од Велика Британија. Овие прилози беа реализирани во рамки на програмата Media for all поддржанa од British Council, во партнерска соработка со Радио Актив од Зеница, БиХ.

Наградените текстови се:

Од што се плашат младите и дали се вакцинираат против Ковид 19? 

Стравови постојат, но настанале поради дезинфомациите за вакцините

Како лажните вести лесно создадоа страв кај младите од вакцините? 

Наградените медиумски продукти беа издвоени според критериуми кои се однесуваат на професионалноста, родовата рамноправност, актуелноста на темите, значењето на самите теми за младите од регионот, начинот на третирање на самата тема, почитувањето на основните новинарски стандарди…

Во Сараево, покрај новинарите – автори на медиумските продукти кои беа во натпреварувачка конкуренција, а кои беа работени во изминатиот период од дваесетина дена, како гости присуствуваа и новинари и експерти од земјите од Западен Балкан, со кои беа остварени средби и контакти за реализирање на  нови соработки кои ќе ги третираат темите кои се од интерес за младите од сите земји во регионот.

На настанот,  наречен Media for All – Media for Youth Showcase, Игор Стојанов и Тони Михаилов од goce.mk и универзитетските медиуми на УГД имаа презентација како на наградените прилози, така и на работењето на порталот goce.mk, кој мотивира и вклучува млади луѓе и студенти кои творат претежно на теми од интерес за младите и студентите.

Наградата всушност е дополнително вмрежување на goce.mk, со тоа што претставници на порталот ќе бидат ученици на Конференцијата Future News Worldvide , која е меѓународен самит на најдобрите медиуми за млади во светот, а ќе се одржи летото 2022.

Видеото од настапот во продолжение:

Симболиката на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
(Колумна) Дали имате страв од пропуштање (FOMO)?