ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.04.2024
Голем интерес за „Школата за раскажување видео приказни“ на УГД

„Школа за раскажување видео приказни“, серијал на онлајн и офлајн курсеви организирани од УГД привлече голем број студенти и млади луѓе. Курсот се состоеше од онлајн дел, кој УГД го подготви заедно со експерти од медиумот „Види Вака“ и за овој дел се пријавија 47 студенти и млади луѓе од цела Македонија. Најуспешните 10 во овој онлајн курс имаа можност да присуствуваат на тренинг во Велес каде учеа преку практична работа и изработка на вистински видео приказни.

Групата на млади луѓе во тридневниот тренинг во Велес се одлучи за изработка на видеа на темите за животната средина и сајбер безбедноста.

Едното видео кое го изработија беше на тема за загаденоста на велешкото езеро Младост, а другото видео е на тема Јавна Соба и сведоштво од девојка која го пријавила случајот на Јавна Соба во полиција.

Двете видео приказни ќе бидат објавени на медиумот за млади www.goce.mk

Предавачи на тренингот во Велес беа експертите од медиумите на УГД, Александар Максимов, Тони Михаилов, Игор Стојанов и Дијана Насева. Професорот од УГД д-р Кирил Барбареев и новинарката Теодора Цветковска.

Големиот интерес за ваквата обука покажува дека младите сакаат креирање на содржини кои се прилагодени на модерните трендови. Креирањето видео приказни, кои најчесто се употребуваат за социјалните мрежи е тренд за кој им се потребни вештини на младите. Во текот на курсот, но и од фидбекот на учесниците, дознавме дека младите имаат потреба од вакви курсеви и тренинзи и во иднина, со особен акцент на видео монтажа и фотографија, велат организаторите на „Школата за раскажување приказни“.

Онлајн и офлајн тренингот беа бесплатни, а сите учесници и во иднина ќе имаат пристап до ресурси, регионални тренинзи, менторство и континуирана поддршка за развој од страна на институциите вклучени во проектот „Strenghtening Quality News and Independent Journalism in the Western Balkans and Turkey II“ финансиран од Европската Унија.

Во продолжение погледнете ја галеријата од настанот во Велес.

 

Како стресот од испитната сесија влијае врз менталното здравје на студентите?
Измамнички СМС пораки со наводна парична помош од владата на Македонија
Семејното насилство врз жените и девојките од 2021 до 2023 година е зголемено за 176%