ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.12.2024
Голема хуманитарна акција по повод новогодишните празници организираат студентите од УГД

На 13.12.2024 (петок) во просториите на Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип со почеток од 11:00 до 16:00 часот, студентите при УГД организираат голема хуманитарна акција по повод новогодишните празници. Акцијата, насловена „Донирај со љубов“,  има за цел донирање на облека на оние кои им е потребно.

Photo by Ben White on Unsplash

„Облеката е основна потреба, а многу луѓе во нашето општество се соочуваат со недостаток на топла и соодветна облека, особено во зимските месеци. Изборот на облека беше логичен, бидејќи речиси секој од нас има нешто што повеќе не му е потребно, а со тоа може да помогне на другите. Идејата произлезе од нашата желба оваа година да направиме нешто поразлично, нешто што ќе ја надмине традицијата на новогодишните пакетчиња. Сакавме да создадеме акција што ќе внесе подлабоко значење и ќе остави траен отпечаток. “,вели Станела Гацова, претседателка на Универзитетското студентско собрание при УГД и организаторка на акцијата.

Станела Гацова, претседателка на Универзитетското студентско собрание при УГД

Собраната облека ќе биде донирана на децата со посебни потреби и децата без родители, но студентите се отворени за сугестии со можност да помогнат на оние што им е најпотребно.

Според Гацова, целта на акцијата е да ги надминеме границите на сопствената удобност и да го изразиме најдоброто од човечката природа , а тоа е  способноста за грижа и споделување. Во пресрет на Новата година, време кога надежта и радоста добиваат нова сила, сакаме да внесеме светлина во животите на оние на кои им е најпотребно. Со донирање облека, не само што ќе подариме топлина на телото, туку и ќе стоплиме срца, покажувајќи дека хуманоста е најголемиот подарок што можеме да го дадеме.

На студентите, поттик им претставува хуманоста, но и мислата дека тие се идната на општеството и со оваа акција сакат да постават пример и за идните генерации. Затоа тие ги повикуваат и охрабруваат сите граѓани, студенти , професори, асистенти и вработени на УГД да ја покажат својата хуманост и да остават белег во одбележувањето на празниците.

Боренка со 91.000 дрвја за денот на планините
Фотографијата како сведок на времето: Изложба „Широк Агол“ во Штип