ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.12.2023
Google за грешките при полнење на мобилните телефони
Автор: Goce Author

Поради големиот број на сензори кои следат што се случува со телефонот и неговиот сопственик, и ред други функции што денешните телефони ги извршуваат, нивните батерии се под големо оптоварување.

Покрај тоа, има уште цела низа работи што корисниците ги прават што дополнително ја уништува батеријата на нивниот телефон. Грижата за вашиот паметен телефон со одржување на здрав статус на батеријата е секогаш задолжителна. Сепак, ваквите вообичаени грешки често се занемаруваат, што доведува до брзо влошување на вашата батерија. Google направи анализа и открив три критични грешки што корисниците на Android ги прават и како можат да ги избегнат.

Приспособување на вашите поставки за подолго траење на батеријата

Корисниците на Android можат значително да го подобрат траењето на батеријата на нивниот уред со правење паметни прилагодувања на нивните поставки. Поголемиот дел од корисниците навистина не се занимаваат со ова и бараат најдобри перформанси од уредите што ги користат секој ден. Бидејќи тоа влијае на батеријата, најчесто не обрнуваат внимание.

Сепак, Google предупредува дека доволни се едноставни измени, како што се намалување на осветленоста на екранот, намалување на јачината на звукот, па и исклучување на разни опции како Wi-Fi и Bluetooth кога не ги користете. Овие мали промени можат да имаат големо влијание на вашата батерија.

Користење на оригиналната опрема

Google ја нагласува важноста за користење на оригиналниот адаптер за полнење што доаѓа со телефонот. Користењето на полначи кои не се подржани од производителот на телефонот може да доведе до долгорочно оштетување. За да го одржувате вашиот уред во добра состојба што е можно подолго, придржувајте се до полначот што го добивте при купување на вашиот телефон.

Иако повеќето производители на паметни телефони повеќе не испорачуваат полначи со нивните продукти, сепак немојте да преминете на најевтината алтернатива.

Мобилните телефони во училиште – штетни или корисни?

Избегнување на „безопасни“ активности

Иако можеби ќе помислите на било што, под ваквите активности се мисли на се она што многу ја оптоварува батеријата. Овде спаѓаат едноставни активности кои многу корисници би можеле да ги избегнат за да го намалат оптоварувањето на нивните батерии. Тие вклучуваат секогаш вклучена локација, играње игри или гледање видео содржини подолго време. Исто така многу важно е и избегнување на премногу високи или ниски температури. Тие исто така влијаат на здравјето на батеријата.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автори: Антониа Симјоновска, Меланија Панева, Кирил Стојанов и Климент Трајков.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?