ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.07.2022
Горештините пустошат во Европа, стотици загубени животи
Автор: Goce Author

Горештините кои ја зафатија Европа однесоа многу животи, се закануваат со продолжено траење до крајот на јули и почетокот на август.

Стотици луѓе загинаа во последните недели како последица на топлотниот бран што го погоди Пиринејскиот Полуостров, според објавените извештаи и бројки.

Најмалку 360 луѓе починаа од 10 јули поради топлотниот бран во Шпанија со температури над 40 степени, објави во саботата весникот Ла Вангардија.

Само во петокот, кога температурите се искачија до 45 степени во некои делови на Шпанија, 123 лица починаа од причини поврзани со горештините. Екстремните температури го зафатија југот на Европа оваа недела, а виновникот за нив се лоцира во климатските промени.

Во соседната Португалија, меѓу 7 и 13 јули се регистрирани 238 повеќе смртни случаи отколку во претходните години, објави новинската агенција Луса. Тие смртни случаи се припишуваат на екстремната топлина, а не само на коронавирусот.

Во повеќето случаи жртви се оние кои ослабеле поради старост или претходни болести, пишува La Vanguardia. Во петокот, 60-годишен чистач на улици ненадејно паднал на улица во Шпанија. Лекарите од итната помош му измериле телесна температура од 41,6, откако бил пренесен во болница пред да почине.

Властите на полуостровот итно ги советуваат луѓето да пијат повеќе вода, да ги одложат физички напорните активности и по можност да излегуваат од дома наутро или навечер.

Мало олеснување се најавува во наредните денови кога се очекува на повеќе места температурите да паднат под 40 степени.

Горештините и долготрајната суша предизвикаа и бројни катастрофални пожари во Шпанија и Португалија

Метеоролозите на AccuWeather предупредија дека ова е еден од најсилните топлотни бранови во Западна Европа во повеќе од 200 години. Тоа продолжено, екстремно време може да стане смртоносно низ целиот континент, предупредуваат тие.

Photo by Bayu Syaits on Unsplash

Температурите во Португалија и Шпанија веќе една недела редовно надминуваат 38 степени. Севиља е едно од најжешките места, со жива која се искачува до или над 41 степен девет последователни дена.

Во четвртокот на 14 јули во Пинхао, Португалија беа забележани 47 степени. Доколку се потврди, тоа би можело да стане највисоката температура досега забележана во Португалија во јули. Актуелниот јулски рекорд во земјава е 46,5, кој е поставен во Амарелеја во 1995 година.

Не сите луѓе исто ги поднесуваат топлите денови – еве кои се причините

Постои загриженост дека оваа топлина може да стане продолжен топлотен бран (20 или повеќе дена). За многу локации од Португалија до централна Франција и во внатрешноста на југоисточна Европа може да трае до крајот на јули и да продолжи во август“, рече метеорологот на AccuWeather, Тајлер Ројс.  Тој вели дека жештините може да ги зафатат Унгарија, источна Хрватска, источна Босна, Србија, јужна Романија и северна Бугарија.

Овој топлотен бран, според Ројс, би можел да го надмине топлотниот бран од 2003 година. Тогаш повеќе од 30.000 луѓе ги загубија животите, директно и индиректно поради горештините. Тој додаде дека ова може да биде еден од најлошите топлотни бранови во Европа од 1757 година.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?