ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.10.2022
Гоу грин собира барања за зелени општини

Здружението Гоу грин Скопје по втор пат собира младински барања за зелени општини, со цел зајакнување на вклученоста на младите во носењето  одлуки.

Сите млади кои сакаат да бидат дел од зелената еко промена, да поднесат предлог за нивната општина да стане по зелена и по еколошка, апелира здружението Гоу Грин Скопје кое втор пат собира младински барања за зелени општини.

-Младите не се застапени во општините и се уште во поголемиот дел не се оформени локалните младински совети – тела кои треба да се залагаат за интересите на младите. Преку овој процес го пренесуваме гласот и потребите на младите во нивната општина. Тие да бидат слушнати. Климатската криза со која се соочуваме бара итни мерки и се што е направено доцна само може да не чини повеќе. Затоа е важно овие промени да дојдат од вашите заедници и оттаму да се издигнеме кон решавање на глобалниот предизвик, наведува здружението.

Според Арта Ќерими, проектен координатор, активистите на Гоу Грин креираа младински барања за шест зелени општини, кои подоцна беа успешно потпишани со 18 кандидати за градоначалници од 6-те општини во форма на Меморандум за соработка.

ФИТР објави „Предизвик за млади истражувачи – Зелени проекти“

-Оваа година го следиме процесот на реализација на минатогодишните барања и секако поднесуваме нови и свежи предлози од младите за зелена општина. Се радуваме на фактот дека оваа година сме добитници на наградата за младинско учество, поконкретно за овој процес на реализација на младинските барања за зелени општини, награда доделена од Агенција за млади и спорт и Национален Младински Совет, со што се валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања, вели Ќерими.

Гоу Грин смета дека преку создавање и прикажување добри практики меѓу локалните самоуправи и младите луѓе за локални теми поврзани со заштитата на животната средина и климатските промени, се зајакнуваат демократијата и вклученоста на младите во донесувањето одлуки.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?