
Проектот „Поддршка за изборните реформи“ ги следи и мониторира ветувањата на владата и министерствата. Едно од тие ветувања е и стипендии за дефицитарни струки во државата.
Целта на проектот е да ги стимулира граѓаните да ги следат изборните мерки, кои ги ветува државата и од истите да бараат отчет. Овој проект се спроведува втора година по ред, досега се вклучени 24 мобилизатори, кои мониторираат различни ветени мерки, вели Рената Пенчова, еден од мобилизаторите на проектот која ја следи и мониторира предвидената мерка од МОН за стипендирање.

Рената Пенчова
Во програмата на владата 2020 – 2024 стои оваа мерка како нешто кое треба да се реализира.
„Ќе понудиме државни квоти за постдипломски студии во државата за оние студенти кои имаат завршено додипломски студии според ЕКТС за да можат да стекнат 240 кредити. Освен стипендирање на студентите на додипломски студии, ќе воведеме и стипендирање на магистерски студии од дефицитарните струки, како и стипендирање на талентирани студенти што ќе овозможи задржување на младите да студираат во земјата.“, стои конкретно во програмата.
Студентите сметаат дека мерката ќе им биде од огромно значење на младите за запишување на овие струки, а професорите сметаат дека заедно со поддршката од МОН треба активно да се вклучи и промоција на тие студии. Општата состојба со дефицит на наставничките професии на пример, станува сериозен проблем во државата. Сите истражувања покажуваат дека наставничките професии стануваат дефицитарни во државата.
Конкурс за доделување на стипендии од Народна Република Кина

МОН ги објави листите на добитници на стипендии за втор и трет циклус на студии
За оваа мерка се спроведува иницијатива за информирање на студентите. Заинтересираноста на младите беше голема, а тоа го потврдува и фактот, дека тие активно се вклучија во иницијативата. На почетокот се спроведоа анкети помеѓу студентите и средношколците околу информирање на мерката. Во октомври организиравме и јавна дискусија во која учествуваа професори од Филолошкиот факултет, Техничко-технолошкиот факултет во Штип и студентите од овие дефицитарни групи.– додава Пенчова.
За жал, од МОН сѐ уште нема конкретни информации кога мерката стипендии за дефицитарни струки би била активна. Од МОН информираат дека во академската 2021/2022 стипендирале 50 студенти за академски студии од втор циклус за студенти од научното подрачје на природно-математичките науки и техничко-технолошките. Стипендијата изнесува 9.000 денари во тек на девет месец на академската година во која се запишале студентите.