ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.02.2024
„Градиме иднина“ со проект за посвоените деца
Автор: Goce Author

Здружението Градиме иднина-Скопје започнува нов проект кој третира   децениски и горлив проблем  – судбината на посвоените деца во земјава  насловен „И ти имаш право да ги знаеш своите биолошки родители“. Тие посочуваат дека ние сме  единствена земја во Европа која на децата им го скратува правото да си ги знаат биолошките родители и затоа бараат промена на регулативата. Воедно  потенцираат  дека земјава во моментот не ја почитува Конвенцијата за правата на децата и посочуваат дека според неа посвоените лица имат п раво да знаат кој ги родил.

Од оваа здружение од надлежните бараат  промена на Законот за семејство или поточно на член 123-а, кој посвојувањето го третира како службена тајна или строго доверливо.

Велат дека според сегашната законска регулатива, посвоените деца немаат право да ги знаат своите биолошки родители и овој член 123-а ги штити исклучиво интересите на посвоителите, што е спротивно на членот 7 од Меѓународната конвенцијата за правата на децата, според која децата имаат право да ги знаат своите биолошки родители.

Градиме иднина – посвоените деца имаат право да знаат кој ги родил

Инаку Комитетот за правата на децата смета дека државата треба да им овозможи на посвоените деца, на одредена возраст да имаат законска можност да ги дознаат кои им се биолошките родители, но во земјава податоците за родителите што се откажале од нивните деца се чуваат во Државниот архив и не се достапни за децата. Обединетите нации се загрижени за праксата на тајното посвојување на деца во Македонија. Комитетот за правата на децата во извештајот за Македонија и укажува на нашата Влада дека треба да ја смени законската регулатива и да обезбеди зачувување на информациите за потекото на посвоените деца, идентитетот на биолошките родители и нивната медицинска историја, наведуваат од Здружението Градиме иднина.

„Место за растење“ – за поддршка на правата на децата

Тие посочуваат дека кога ќе се донесе решение за посвојување од надлежниот орган, децата добиваат нов извод од матична книга на родени и податоците од родителите се заменуваат со податоците на посвоителите. По желба на новите родители освен презимето, на детето му се менува и името, а во изводот остануваат исти само денот и датумот на неговото раѓање. Податоците за родителите што се откажале од нив се чуваат во Државниот архив, но и тие не се достапни за децата. Додаваат дека ставот на Министерство за труд и социјална политика е дека иако меѓународната организација со години укажува на овој пропуст кај нас засега нема услови за промена на регулативата.

Законската регулатива треба да обезбеди зачувување на податоците за потеклото на посвоените деца

Здружението Градиме иднина- Скопје ќе бара од Министерството за труд и социјална политика и Владата да работат на тоа да се подигне свеста кај идните мајки и да се едукацираат во секој поглед за да не ги напуштаат своите родени деца. Државата треба системски да се бори преку Совети за социјално загрозени бремени жени и самохрани мајки за да не се откажуваат од своите деца.

Питачите и чистачите на улиците, институциите уште немоќни

Воедно од медиумите бараат да им се овозможи гостување  на сите дневни утрински програми да се организираат јавни дебати со претставници  од Владата, МТСП, Центрите за социјална работа и други релевантни чинители во државата  кои би сакале да му се придружат на нивното  здружение, како и лица кои се посвоени и што сакат јавно да ја раскажат својата приказна околу посвојувањето и да си ги запознаат своите биолошки родители. Тие бараат во тие емисии  да бидат вклучени и Државниот архив и Управата за водење на матични книги и сите медиуми кои ќе покажат интерес за поддршка на оваа граѓанска иницијатива.

Најавуваат дека овој проект ќе се реализира во сите  градови во земјава

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?