ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.02.2022
Грантови за развој на мултикултурализам и меѓуетничка толеранција
Автор: Goce Author

Грантови за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта доделува Министерството за образование и  наука.

Грантови ќе добијат седумдесет основни и 25 средни училишта за учебната 2021/2022 година.

Фото: Општина Шуто Оризари

Министерството за образование и наука на својата веб-страница ги објави резултатите од Јавниот повик за доделување средства со цел да се промовираат добри практики и активности во кои се негуваат хармонични односи врз основа на почитување на различностите.

Грантови добија 70 основни и 25 средни училишта

На листата на основни училишта кои ќе добијат грантови, според бодови од рангирањето има седумдесет од 40 општини, од кои осум се скопски општини, а на листата на средни училишта – од вкупно рангираните 25, осум се од Скопје, а останатите училишта се од 14 општини во земјава.

Според МОН, со изградба на мултиетничко и мултикултурно општество се овозможува градење современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.

63 % од учениците велат дека во училиштата има насилство

Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент – велат од МОН.

Листа на добитници – основни училишта

Листа на добитници – средни училишта

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?