Непромислените грешки кои студентите ги прават на испитите често ги чинат најважното нешто – полагањето. Во интерес на сите е да пишувате добро и да го положите испитот, но за таа цел да биде што поуспешна, не смеете да правите одредени грешки. Токму затоа што се работи за „ситници“, на кои можеби нема ни да помислите додека го пишувате испитот. Но, следниот пат, обрнете внимание на нив и можеби само ќе ги избегнете сите пречки на патот до позитивна или уште подобра оценка.
1. Внимателно прочитајте го прашањето
Ова е реченица која ја слушаме во текот на нашето образование и за многумина веќе е иритирачка. Но, најглупавите грешки се случуваат токму поради ова – затоа што студентите не го читаат прашањето до крај. Честопати има некоја „финта“ во прашањето или едноставно разбираме нешто сосема друго од она што го бара професорот.
2. Обрнете внимание на начинот на кој одговарате на прашањето
Друга честа грешка е тоа што учениците кружат наместо, на пример, да ги подвлекуваат дадените поими. Токму на таквите ситници губат поени затоа што во задачата од нив се барало да направат нешто сосема друго! Во гимназијата и основното училиште наставниците прифаќаа такви работи, додека на факултет се бара повисоко ниво на внимание.
Како е да се биде студент на Медицина?
3. Бидете конкретни
Студентите често, кога не го знаат точниот одговор, или кога знаат премногу, пишуваат апсолутно се што ќе им падне на памет во тој момент и што на било кој начин би можело да биде поврзано со прашањето. Не правете го тоа затоа што на некои професори тоа не им се допаѓа. Бидете конкретни, доколку се бара дефиниција на само еден поим, напишете ја само таа дефиниција.
4. Не трошете многу време на едно прашање
Некои студенти размислуваат премногу обидувајќи се да се сетат на одреден одговор и остануваат без време, иако можеби знаат други одговори. Не го правете тоа! Прво, секогаш решавајте го тоа што го знаете, а размислувањето оставете го за краj.
Можеби ќе ве интересира