ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.06.2022
Хари Потер – првото оригинално издание, се продава на аукција
Автор: Goce Author

Хари Потер, првото оригинално издание на книгата на Џ.К.Роулинг се продава на аукција, со почетна цена од 250.000 долари.

Првото издание на „Хари Потер и каменот на мудроста’’ – (Harry Potter and the Philosopher’s Stone), со некои грешки и потпишано од авторката Џ.К. Роулинг се појави на приватна аукција во галеријата „Кристи“ во Лондон, аукцијата почнува од 250.000 долари (200.000 фунти) па нагоре.

Публикацијата е една од 500-те копии во тврда корица, што се отпечатени во првично издание во 1997 година. Од книгите, 300 броја беа испратени во библиотеките.

Книгата „Хари Потер“ која се продава во галеријата „Кристи“,воедно е и една од другите 200 ретки наслови на книги, кои се дел од изложбата: „Уметноста на книжевноста: позајмица и продавање“,

„При печатењето на првите книги, се направени неколку технички грешки“, изјави за Ројтерс Марк Вилтшир, специјалист за печатени книги и куратор на изложбата „Уметноста на книжевноста“.

На задната корица, на пример, филозофи (philosophers), што се разбира е доста клучен збор. Погрешно е напишан, „филосфи“ (philosphers), второ „о“ недостасува. Исто така на страница 53, во списокот на предмети кои од учениците се бара да ги понесат со себе во Хогвортс, „едно стапче“ се повторува двапати.

Додека Роулинг во тоа време беше непозната, книгата за волшебниот свет на вештерки и волшебници стана огромен хит низ целиот свет, создавајќи цела серија и огромна филмска франшиза.

„На многу начини, оваа книга е физичка манифестација на едно магично сеќавање за толку многу луѓе и тоа е она што ја прави толку посакувана“, рече Вилтшир.

Забрана за телефони во ресторан?
Метапневмовирус не е нов вирус, нема опасност за нов Ковид