ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.06.2022
Хероината која ја спаси американската пливачка: Се исплашив и морав да скокнам по неа
Автор: Goce Author

На американската пливачка Анита Алварез и се слошило за време на тренингот на Светското првенство, по што тренерот Андреа Фуентес скокнала во базенот, ја извлекла и и ҆ го спасила животот. Анита за време на тренингот се онесвести и почна да тоне. Во изјава за медиумите таа вели дека нејзината реакција била инстинктивна.

За време на натпреварот во синхронизирано пливање, Анита изгубила свест и почнала да тоне, а за среќа веднаш реагирала селекторот на американската репрезентација Андреа Фуентес, која веднаш скокнала во базенот ја извлекла Анита на површина.

Лекарите кои биле во близина ја однеле во бесознание и за среќа набргу се освестила, но колку сериозна и драматична била ситуацијата покажува фактот што според лекарите секунди ја делеле од трагедија.

“Се исплашив и морав да скокнам во базенот бидејќи спасувачите не реагираа. Кога видов дека не дише, се исплашив, а добрата вест е дека сега се е во ред и Анита се чувствува добро”, рече хероината Андреа Фуентес и продолжи:

„Нашиот спорт не се разликува од другите, тој е само во базенот… Одиме до максимум и понекогаш го достигнуваме тој максимум, а понекогаш забораваме дека и вакво нешто може да се случи. Маратон, велосипедизам, секаде сме виделе слични сцени каде спортистите се даваат максимум, понекогаш успеваат, а понекогаш не“.

Американскиот тим соопшти дека ова не и се случува првпат на Анита, бидејќи нешто слично и се случило минатата година на квалификациските тренинзи.

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски