ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.12.2022
ХПВ вакцината е најефикасна превенција на карцином на грлото на матка

ХПВ вакцината е една од најефикасните вакцини, но за жал процентот на вакцинирани девојчиња со неа се уште е релативно мал. Поради тоа, потребно е што е можно повеќе да се информира за ефикасноста на оваа вакцина за спречување на карциномот на грлото на матката, втор карцином кај женската популација во Македонија, по карциномот на дојка. Ова беше кажано на брифингот, организиран од МИМ (Македонски институт за медиуми) и УНИЦЕФ, во рамки на проектот „Дезинформации и недоверба околу вакцините – како да се справиме?“.

За значењето и ефикасноста на ХПВ вакцината говореше Проф. Д-р Александра Гроздановска, Национален координатор за имунизација.

ХПВ вакцината е една од најефикасните вакцини, и таа има за цел покрај ХПВ инфекцијата, да делува и на спречувањето на развој на карцином на грлото на матката. Ова е вакцина која всушност се дава со цел спречување на оваа здравствена состојба. Карциномот на грлото на матката во нашата земја е еден од водечките меѓу женската популација, и во возрасната женска популација помеѓу 15 и 45 години е втор по ред, веднаш по карциномот на дојка. Тоа треба сериозно родителите да го имаат како информација, со цел да донесат исправна одлука дали ќе ги вакцинираат своите девојчиња или не. Според нашиот календар за вакцинација, оваа вакцина се дава помеѓу девет и 12 години, поточно кај нас е ставена на горната граница, на 12 години, а дополнително, оние кои ја немаат примено до оваа возраст, можат да ја примаат и до 15 години – вели д-р Гроздановска.

Интересот за ХПВ вакцината мал, причините различни

Податоците за жал покажуваат дека интересот за ХПВ вакцината е релативно мал, од различни причини:

Можеби дел од овие информации не се доволно јавно споделени – еве повторно апелирам, ова е вакцина која спречува развој на карцином на грлото на матката! Имаме различен процент на вакцинирани во различни општини, но сугерирам до родителите, да се консултираат со своите лекари, со своите гинеколози, и да го знаат бенефитот од оваа вакцина. ХПВ вакцината која во моментот се користи во Македонија е четиривалентна вакцина и заштитува од четирите нај инвазивни серотипови, кои се директно асоцирани со развој на карцином на грлото на матката. И токму тука е ефикасност, за да се спречи карциномот ма грлото на матката. Има и нови вакцини, со поголема валентност, очекувам дека во следните години ќе ги имаме и нив, меѓутоа оваа вакцина во моментот е со голема ефикасност.

Од имунолошки аспект многу е важно кога да се даде вакцината, затоа и постои календар за имунизација, но дополнително, оваа вакцина е асоцирана да се прими доколку може порано, пред девојките да стапат во сексуални односи. Јасно е можеби дека перцепцијата е многу рано да се размислува на оваа возраст (12 години), меѓутоа, сепак треба да знаеме дека е потребно време, за да се создаде заштита која што би овозможила токму тоа – кога девојката ќе стане сексуално активна, да има веќе заштита од овие заболувања.

Три типа матура ќе полагаат средношколците годинава
Бројот на ученици и понатаму се намалува