ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.09.2023
Хуманитарното здружение „Д-р Симон Василев“ доделува стипендии на студенти на ФМН

Хуманитарното здружение „Д-р Симон Василев“ е формирано во февруари 2022г. од страна на Доц. д-р Мирела Василева, д-р Благоја Василев , д-р Мирче Ников, Зоран Иванов и Димитар Белиќ.

Основна цел на здружението е доделување на стипендии на студентите од ранлива категорија на Факултет за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип. Право на стипендијата имаат студенти од социјално ранлива категорија, студенти со еден родител и студенти без родители. Единствен услов е студентите да ги запишуваат редовно академските години, што претставува и стимул за нив за поголема ангажираност и посветеност кон студирањето.

„До сега успеавме да доделиме една стипендија на студентка по Фармација која за жал ги загуби своите родители во многу краток временски период.  За две недели ќе биде доделена втората стипендија на многу амбициозна студентка по општа медицина која е во тешка економска ситуација и со животот се справува сама по смртта на единствениот родител со кој пораснала. Во меѓувреме во соработка со СОМА помагаме и еднократно на други студенти кои имаат потреба. Стипендијата се состои од месечна парична исплата до крај на студии и обезбедување на материјали за учење секој семестар.“, вели д-р Мирела Василева.

За сега единствените извор на приходи на Хуманитарното Здружение се неколку хумани граѓани                                                                                         

Моментално финансиската состојба претставува најголем предизвик за Здружението. Основачите се стремат да доделат стипендии за повеќе студенти , но за сега имаат услови за само неколку.

„Растот на здружението ни зависи од финансискиот дел со кој малку потешко се справуваме. Јас искрено би сакала да можеме да помогнеме на сите талентирани студенти кои имаат потреба од помош без селекција на оние кои ги сметаме за најургентни да добијат поддршка.“, вели д-р Василева.

Д-Р Мирела Василева

Меѓу имињата кои се вклучени во поддршка на хуманитарното здружение се Д-р Мирче Ников, Д-р Александар Лонгуров, Д-р Гоце Ников, Зоран Иванов, Петар Панајотов и Бранкица Андова. Неодамна, значајна беше и изложбата на ликовниот уметник Драган Гелев која се одржа во Штип и успеа да придонесе со финансии за здружението. На 18.9 беше одржана и втора изложба во МКЦ-Скопје.

Студентите активно се вклучени со свој придонес за Здружението

Покрај споменатите професори, студентите на ФМН при УГД се активно вклучени во логистичка поддршка на здружението преку организација на хуманитарни настани и забави.

Ќе даваат 50 стипендии на странски студенти со македонско потекло

“Студентите собираат книги за оние кои не можат да си ги дозволат, па дури и делат од своите студенстки финансии за помош на другите. Тоа е за секоја пофалба и јас искрено многу се изненадив од ентузијазмот и од хуманоста на овие млади луѓе. Со дел од нив сум во постојан контакт и многу ми е мило што познавам личности со такви вредности и воспитување.“, вели д-р Василева.

Сите хумани граѓани може да остават свој придонес на: 250050302354880 Шпаркасе Банка и на девизната сметка: МК07250922000032686 Swift INSBMK22

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?