ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.09.2025
HYPE Startup Academy ќе ги обедини младите од Македонија и Бугарија
Автор: Goce Editor

Американското Катче Штип, во партнерство со Амбасадата на САД во Р.С. Македонија, Американскиот Универзитет во Бугарија (AUBG),Youth Council North Macedonia, Youth Council Bulgaria, ЦЕФЕ Македонија,  и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со гордост го најавуваат стартот на HYPE Startup Academy (Hub for Young Pioneers & Entrepreneurs).

Академијата ќе се одржи од 25 до 27 септември 2025 година во Кампус 2 при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, обединувајќи 50 млади учесници (возраст 16–20 години) од Северна Македонија и Бугарија.

Главната цел на HYPE Startup Academy е да се засили прекуграничната соработката помеѓу младите од двете држави , а во исто време да се стекнат практични претприемачки вештини. Во текот на тридневната програма, учесниците ќе имаат можност да:

  • Изградат суштински претприемачки и иновативни вештини.
  • Работат во тимови со врсници од двете земји и да развијат стартап идеи.
  • Добиваат насоки од искусни ментори и обучувачи.
  • Ги претстават своите проекти на финално натпреварување со жири составено од бизнис лидери, академици и претприемачи.

„HYPE Startup Academy е повеќе од обука – тоа е можност младите да се поврзат, да соработуваат и да ги претворат своите идеи во реални решенија,“ изјави Благој Трајков, координатор на Американското Катче Штип. „Со вложување во младинското претприемништво, ние вложуваме и во посилна регионална соработка и идниот економски развој.“

Иницијативата го нагласува значењето на регионалното поврзување, иновациите и младинското лидерство, како и градењето врски меѓу академијата, граѓанското општество и бизнис секторот.

Пријавувањето за Академијата е веќе започнато, а заинтересираните ученици и студенти се охрабруваат да ги следат социјалните мрежи на Американското Катче Штип за повеќе информации.

Правниот факултет од Штип организира бесплатни обуки за јавно говорење
Крводарителска акција во Штип по повод денот на Извидниците