
Американското Катче Штип, во партнерство со Амбасадата на САД во Р.С. Македонија, Американскиот Универзитет во Бугарија (AUBG),Youth Council North Macedonia, Youth Council Bulgaria, ЦЕФЕ Македонија, и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со гордост го најавуваат стартот на HYPE Startup Academy (Hub for Young Pioneers & Entrepreneurs).
Академијата ќе се одржи од 25 до 27 септември 2025 година во Кампус 2 при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, обединувајќи 50 млади учесници (возраст 16–20 години) од Северна Македонија и Бугарија.
Главната цел на HYPE Startup Academy е да се засили прекуграничната соработката помеѓу младите од двете држави , а во исто време да се стекнат практични претприемачки вештини. Во текот на тридневната програма, учесниците ќе имаат можност да:
„HYPE Startup Academy е повеќе од обука – тоа е можност младите да се поврзат, да соработуваат и да ги претворат своите идеи во реални решенија,“ изјави Благој Трајков, координатор на Американското Катче Штип. „Со вложување во младинското претприемништво, ние вложуваме и во посилна регионална соработка и идниот економски развој.“
Иницијативата го нагласува значењето на регионалното поврзување, иновациите и младинското лидерство, како и градењето врски меѓу академијата, граѓанското општество и бизнис секторот.
Пријавувањето за Академијата е веќе започнато, а заинтересираните ученици и студенти се охрабруваат да ги следат социјалните мрежи на Американското Катче Штип за повеќе информации.