Европа е полна со градови кои се идеални за ненадејни и брзи патувања. Континент со богата историја, разновидни атракции и широк спектар на се, ви нуди можност да се забавувате во кој било град. Покрај омилените на сите, како Милано, Париз, Берлин, Европа нуди градови кои не се толку познати, но ви ветуваат незаборавно искуство.
Самиот град зрачи со арт-нуво движењето, кое оставило неизбришлив белег, а на посетителите останува да го препознаат и надополнат. Најпосетуваната област во Лисабон е Белем. Поради големиот број на знаменитости оваа област е атракција за секој турист. Пантеонот, поранешна црква, а денес национален споменик, беше претворен во крипта каде што беа погребани познати Португалци. Во Пантеонот се наоѓа и празната гробница на Васко де Гама, кој бил погребан во манастирот Геронимос.
Вашите очи сигурно ќе залутаат кон катедралата Саграда Фамилија, како и кон паркот Гуел, кој е како од бајка. Доколку сте расположени за гастрономско задоволство, овој шпански град нуди ресторани со ѕвезди на Мишелин, кои секако ќе ги оправдаат со фантастичната атмосфера и богатството на вкусот на традиционалните јадења. Барселона е еден од главните културни центри во Европа. Освен Пикасо, Дали и Миро на секој чекор можете да почувствувате дека ова е град на културата – театри на отворено, галерии на улица, улични уметници. И секако не грижете се за темптературите. И во најстудениот период од годината од декември до февруари, просечната температура се движи меѓу 10 и 12 степени.
Валета, една од единаесетте општини, го претставува главниот град на Малта. Интересно е што ѕидините на овој град се заштитени од УНЕСКО. Покрај ова историско богатство, под заштита на УНЕСКО е и катедралата Свети Јован, а порано била манастирска црква на венецијанските витези. Овој островски град е вистинско историско наследство полно со интересни работи кои нивните луѓе ќе ви ги раскажат.