ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.07.2023
Им одобрувале брзи кредити без нивна согласност
Автор: Goce Author

Финансиско друштво за брзи кредити добило три парични казни во вкупен износ од 653.160 денари, а одговорното лице кај истото друштво добило три казни во износ од 55.347 денари поради издавање онлајн кредити без проверка на идентитетот на три лица, соопшти Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП). Казната, како што информираат оттаму, била изречена оти бил прекршен Законот за заштита на личните податоци, со злоупотреба на личните податоци на лица кои биле одобрени за кредит, без нивното согласување.

АЗЛП информира и дека казнето било и друштво за угостителство, туризам и трговија во износ од 380.109 денари, а на одговорното лице му била изречена казна во износ од 21.522 денари, оти им задржувале лични карти на физички лица.

Од Агенцијата направиле вонредна супервизија, откако тоа го побарале три физички лица, кои пријавиле задржување на личната карта од друштвото за угостителство, туризам и трговија како услов за плаќање на престојот.

АЗЛП ги применила овие глоби за прекршоците врз основа на одредбите од Законот за заштита на личните податоци и обезбедување на согласност за обработка на лични податоци пред да бидат употребени за кредитни барања. Претходно, Народниот правобранител побара Министерството за финансии, да направи итна контрола во финансиските друштва кои издаваат брзи кредити.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?