
Некои европски држави им плаќаат на граѓаните за да одат на работа со велосипед. Ова е дел од напорите да се заштити животната средина и чистиот воздух.
Фото: BicykleDutch
Практиката за плаќање на вработените кои одат на работа со велосипед беше дополнително иницирана во 2014 година од неколку европски влади
Сè повеќе земји им плаќаат на своите граѓани да одат на работа со велосипед, нудејќи им за возврат зголемен дел од платата што не се оданочува.
Ова е практика која веќе ја спроведуваат владите на различни земји како Холандија, Белгија, Велика Британија, Данска или Германија.
Оваа практика, која стана сè попопуларна со пандемијата, во некои земји е наградена со економски стимулации.
Практиката за дополнително плаќање за вработените кои одат на работа со велосипед беше иницирана во 2014 година од неколку европски влади со цел да се намали загадувањето на воздухот и потрошувачката на гориво и да се подобри здравјето на луѓето.
Најголем дел од програмите што ги воспоставуваат владите се во форма на даночни олеснувања, така што на вработените им се исплаќа дополнителен износ на основната плата, во форма на неоданочив дел од платата.
Овие програми беа толку успешни што со текот на времето се проширија. Белгија го зголеми даночниот поттик за патување до работа на 0,25 евра по километар.
Така, 10-километарскиот пат до работа може да значи дополнителен приход од 1.200 евра годишно. Наградата не ги вклучува здравствените придобивки кои доаѓаат благодарение на секојдневната рекреација во форма на возење велосипед.
Но, Белгија не е единствената што ја нуди оваа погодност за патување до работа со велосипед. Според Светскиот економски форум, слична програма нуди и Холандија, а Обединетото Кралство оди чекор понатаму.
Британските велосипедисти кои ги користат своите велосипеди на пат до работа добиваат 0,23 евра по километар, а има и стимулативна програма за изнајмување велосипеди, како и можност за купување и попуст на облека и опрема за возење велосипед.
Во случајот на Луксембург, даночното поттикнување е околу 300 евра за купување електричен велосипед за да оди на работа.