ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.10.2023
Има дискриминација во случајот со немање учебници
Автор: Goce Author

Има дискриминација на учениците поради необезбедувањето на сите учебници, вели Весна Бендевска, претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска за тужбата за Министерството за образование и наука (МОН) поради недостиг на учебници вели дека Комисијата обезбедила факти од Министерството дека не се обезбедени учебници за секој предмет. Бендевска посочува дека од 123 учебници, недостигаат 43.

 

Овој проблем не е само оваа година, но овој министер имаше повеќе од четири месеци и начин да ги исполни препораките. Сега гледаме забрзано дека секој ден изјавува како се обезбедени за нов предмет, рече Бендевска во Топ Тема на Телма.

Според неа, препораката на Комисијата била кратка и децидна да се обезбедат учебници за секој учебник по секој предмет до 31 август.

Го обезбедивме документот и има архивски број. Од вкупно 123 учебници, 43 недостигаат. Тоа е огромна нееднаквост и дискриминацијата зафаќа илјадници ученици. Комисијата постапуваше согласно законските овластувања. И органите во составот на Министерството, сите се инволвирани во креирањето на обезбедувањето на учебници, рече Бендевска.

МОН се правда по прес конференцијата на КСЗД за учебниците

Инаку, проблемот со необезбедување на учебници на почетокот на учебната година се провлекува неколку години по ред. Секоја година се најавува дека наредната ќе го нема тој проблем, но и годинава учениците останаа без дел од учебниците. Од МОН  се најавуваше дека учебниците ќе стигнат до крајот на септември, но и тоа не се случи. Веќе е средина на октомври, а уште има учебници кои не се на располагање на учениците.

Ова е првпат во земјава една државна институција да тужи друга.

Велосипедисти од Штип во хуманитарна мисија
Корупцијата и младите – како да го промениме светот одвнатре