ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.03.2022
Имунизацијата тапка во место, мерките полека се олабавуваат
Автор: Goce Author

Во текот на неделава се очекуваат одредени олеснувања на антиковид мерките, но сепак треба да се има предвид дека се наоѓаме во непредвидлива ситуација со пандемијата.

koronavirus-vakcina

Претставничката на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) во Македонија, Патриција Ди Џовани во вчерашно обраќање истакна дека се наоѓаме во непредвидлива состојба со пандемијата и оти треба да се почитуваат мерките.

– Треба да имаме предвид во која фаза од пандемијата сме, односно каков е нејзиниот тек. Комисијата за заразни болести заседава, издава свои препораки, меѓутоа не значи дека сите мерки треба да бидат унифицирани за целата територија, бидејќи, како што кажавме ние од УНИЦЕФ, заедницата треба да се грижи за заедницата. Доколку во одредена заедница немаме случаи на Ковид-19 во тој случај би можело да се намалат мерките, односно да нема потреба да се носат маски итн. Меѓутоа доколку има случаи на Ковид треба да се придржуваме до мерките. Треба да имаме доверба во работата на Комисијата, нагласи Ди Џовани.

Фото: UNICEF

Во однос на намалување на мерките, Главниот координативен кризен штаб за справување со ковид на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, препорака за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар, максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50 проценти да се зголеми на 75 проценти, но и да се укине протоколот за угостителски објекти со кои се бара сертификат за вакцинација за отворените простори на локалите, додека за затворените делови останува обврската за задолжително поседување сертификат.

Предлозите се доставени до Владата и се очекува денеска да бидат усвоени на владината седница

Од минатата недела кампањата за зголемување на степенот на имунизација е изразена преку Караванот за промоција на вакцина против коронавирусот. Овој караван го организираат Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.

Интересот за вакцинација со прва доза не е на задоволителното ниво и засега целта да се имунизира што повисок процент граѓани не се остварува со посакуваното темпо.

Истражување: Од што се плашат младите и дали се вакцинираат против Ковид 19?

Од Министерството за здравство велат дека откако почнал вакциналниот карван, само 150 граѓани ја искористиле можноста да се вакцинираат, и тоа 95 отсто од заинтересираните што ја искористиле можноста примиле трета доза.

Досега во земјата се направени вкупно 1.955.058 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 305.114, бројот на оздравени пациенти е 294.072, на починати е 9.208, а на активни случаи изнесува 1.834.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?