
Повеќе од 12.000 родители се обединети дека маските се штетни по здравјето на децата под иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата“.

Родителите поднеле Барање за укинување на маските во училиштата до властите. Иницијативата е поддржана од повеќе лекари кои го делат мислењето како родителите и јавно зборуваат за штетноста на маските кои ги носат децата за време на часовите.
Гоце.мк – Уницеф: Затворањето на училиштата е последна мерка – (goce.mk)
Претседателката на Здружението на приватни матични лекари д-р Лилија Чолакова Дервишова, изјавила дека може да се појават психолошки, респираторни, имунолошки и дерматолошки последици со носењето на маски.
Според докторите, носењето на маски подолго време ги зголемува шансите за респораторни нарушувања.
Гоце.мк – Владата одлучува за предлогот распустот да продолжи до 1 февруари – (goce.mk)
Родителите се одлучни и стојат позади тоа дека нема да ги пуштат нивните деца во школските клупи со маски.