ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.05.2025
Инклузијата на децата во училиштата не е избор, туку обврска

Секое дете има право на квалитетно образование – независно од тоа дали гледа, слуша или учи на поинаков начин. Оваа порака беше испратена од страна на Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, од меѓународната европска конференција што се одржа во државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, каде што се разговараше за иднината на инклузивното образование.

Заменик министерката Трајков заедно со останатите присутни

На настанот присуствуваа 40 експерти и претставници од европски земји, кои заеднички бараа решенија за тоа како децата со посебни образовни потреби полесно да се интегрираат во образовниот систем и да ги развијат своите потенцијали.

„Мора да создадеме услови секое дете да го достигне максимумот од своите способности“, беше пораката упатена од македонска страна. На конференцијата се истакна потребата од интегрирано образование, еднаков пристап за сите и подобрување на законите кои ја регулираат оваа област.

Настанот покажа дека промените не се можни без разбирање и вклучување на сите – од институциите, до наставниците и младите. Ако сакаме фер општество, мора да започнеме од училиштата. Затоа, инклузијата не треба да биде избор, туку обврска.

 

Над 50% од раководните позиции во Министерството за одбрана се жени
Виртуелното Кафе на ACE²-EU –Прилика за мобилност и меѓународно искуство за студенти