ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.11.2021
Иновацијата на паметниот часовник на Apple ќе известува за сообраќајки
Автор: Goce Author

 

Новата осма серија паметни часовници на Apple се очекува да излезе на пазарот во 2022 г. За таа цел, се шират гласини дека овојпат ќе има огромна иновација во часовниците. Станува збор за регистрирање сообраќајни незгоди. Поконкретно, доколку индивидуата се најде во сообраќајна несреќа и не може сама да повика помош, часовникот ќе го регистрира тоа и ќе ги повика итните служби.

Компанијата работи на оваа опција преку собирање податоци и детектирање над 10 милиони варијанти за сообраќајни незгоди каде за 50.000 од нив часовникот ќе биде приморан да ја повика итната помош поради неможноста на индивидуата.

Сѐ  уште се работи на усовршување на оваа услуга, но Компанијата се надева дека нема да има никакви проблеми и дека ќе се најде најповолниот начин за правилно функционирање на опцијата. Apple , уште од одамна размислува за ваква услуга и останува да видиме како ќе се покаже во пракса и која ќе биде цената на новиот часовник.

Ова е онлајн играта Навигатор – преку неа младите ќе учат за човекови права
Топ 5 видео игри што ќе излезат во 2025 година