ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.11.2022
Инстаграм го реши проблемот,Роналдо загуби 3 милиони следбеници
Автор: Goce Author

Компанијата Инстаграм успеа да го реши проблемот поради кој милиони корисници беа известени дека нивните профили се суспендирани.

Фото: Instagram Cristiano Ronaldo

Корисниците почнаа да го пријавуваат проблемот во понеделникот, а милиони пријавија дека биле известени за суспензијата на нивната сметка. Се чини дека проблемот е ограничен на корисниците на iPhone кои потврдија дека апликацијата Instagram е нестабилна и паѓа во последно време.

„Го поправивме овој баг поради кој луѓето од различни делови на светот имаат проблем со пристапот до нивните профили. Жал ни е“, објави Инстаграм.

Профилот на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо за еден ден „изгуби“ 3 милиони следбеници, но таа бројка е вратена на 493 милиони. Дури и самиот официјален профил на Инстаграм изгуби повеќе од милион следбеници.

Откако се појавија технички проблеми на социјалната мрежа Инстаграм, вториот најследен профил во сопственост на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо загуби речиси три милиони следбеници, пишува магазинот The Verge.

Инстаграм беше во прекин неколку часа, корисниците масовно пријавуваа проблеми.

Инстаграм го суспендира профилот на Порнхаб

Од друга страна, оние кои се малку повеќе посветени на Инстаграм, ја пријавија загубата на следбеници како голем проблем. Овие корисници реагираа бидејќи ја користат оваа социјална мрежа за да заработат.

Сето ова, интересно, се случуваше во времето на Ноќта на вештерките. Затоа многу корисници на оваа социјална мрежа не можат да споделуваат фотографии од нивните костими.

Роналдо изгуби дури три милиони следбеници на споменатата социјална мрежа за само 24 часа, додека најпопуларниот профил, оној во сопственост на Инстаграм, исто така загуби повеќе од еден милион следбеници.

Зошто САД се плашат од ТикТок?
Кардиоваскуларните болести се сѐ почести меѓу населението