21 февруари е Меѓународен ден на мајчиниот јазик, кој во Македонија ќе се одбележи на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска во амфитеатарот на Институтот, ќе се одржи манифестација по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Од Институтот велат дека чествувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик годинава се поврзува со јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делче. Поголемиот дел од програмата на манифестацијата е посветен на учениците од општинските основни училишта на територијата на Град Скопје што го носат името на овој голем македонски револуционер.
На манифестацијата најавено е обраќање на министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и на државниот секретар во Министерството за образование и наука Анета Трпевска, а излагање на тема „Мајчиниот јазик, патоказ кон спознавањето“ ќе одржи проф. д-р Весна Костовска.