Од 28 до 31 октомври, „Институт за млади – Скопје“ организира уникатен настан наречен „Spooky Week“, посветен на креативно надминување на стравовите. Програмата ќе понуди комбинација на уметност, креативност и дискусии, со цел да им помогне на младите да се справат со нивните најголеми стравови и да развијат вештини кои ќе им бидат корисни и во личниот и во професионалниот живот.
Во рамките на „Spooky Week“ ќе се одржат DIY активности како изработка на Halloween свеќници, уникатни шолји и креативни „Haunted House“ проекти. Покрај рачните изработки, учесниците ќе имаат можност да учествуваат во дискусии поврзани со стравовите од неуспех, стравот од пропуштање (FOMO), како и стравот од конфронтации.
Особено внимание ќе биде посветено на развојот на меки вештини како тимска работа, критичко размислување и комуникациски способности, кои се клучни за успешен личен и професионален развој.
Кулминацијата на „Spooky Week“ ќе биде на 31 октомври со играта „Траги и лаги“, интерактивно тимско решавање на криминални случаи, која има за цел да поттикне креативно размислување и тимска работа во забавна и опуштена атмосфера.
“Целта на овој концепт на работилници е да ги инспирира младите да ги надминат своите стравови преку практични вежби и креативни активности, притоа развивајќи вештини важни за нивниот идни професионален успех. Ќе има многу изненадување во текот на работилниците, ги охрабруваме младите да ни се придружат.”-истакнаа од институтот.
Линк за пријава на работилниците:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSel04zb1pa4Z_dQHkgW3L5ah6dVLO2Ca7Km7hErjo2wCp0YfQ/viewform