ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.11.2022
Интернационална компанија во Македонија со различен пристап кон своите вработени
Автор: Goce Author

Со огромно искуство во работење на глобалниот пазар компанијата Slice е лидер во индустријата со над 1.000 вработени и канцеларии во Њујорк, Белфаст, Дебар, Охрид и Скопје.

Примарната цел на компанијата е да им помогне на локалните пица-ресторани во Америка да бидат конкурентни на пазарот, преку обезбедување на иновативна платформа за нарачување пица, но и техничка поддршка, советување и помош при работењето.

„Луѓето, тимот и иновацијата која доаѓа од глобалниот тим е она што ја движи компанијата кон патот на успехот. Американската динамика, учењето и споделувањето на знаење помеѓу вработените е она што како едно цело е заслужно за нашиот успех како тим“. вели Андријана Тасевска- директорка за човечки ресурси во Македонија.Покрај одличната тимска атмосфера, работа со динамични пазари, константното учење, компанијата нуди и други бенефити кои дополнително ги мотивираат вработените. Исто така, фокусот на компанијата е позитивниот баланс помеѓу работата и приватниот живот. Дознајте повеќе детали од видеото со директорката на човечки ресурси во Slice, Андријана Тасевска.

Во моментов, на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар истовремено остварувајќи директни соработки со над 19.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД. Тимот на Slice расте, дознајте повеќе за отворените работни позиции и аплицирајте овде!

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска