
Испитните сесии се еден од нај стресните периоди за студентите, а анксиозноста што ја носат може сериозно да го наруши квалитетот на сонот. Несоницата станува чест проблем, а нејзините последици се рефлектираат врз резултатите на факултет и психолошката стабилност. Како студентите го доживуваат овој предизвик и што советуваат експертите?
Розе Јанковска вели дека оценките ѝ се од исклучителна важност и тоа ѝ создава голем притисок. „Во испитните сесии постојано сум под стрес. Се трудам да бидам фокусирана, но понекогаш несоницата ме спречува да учам ефикасно.“ За да го намали стресот, се обидува да поминува време на свеж воздух.
Слично искуство има и Сара Бојкова, која вели дека испитните рокови секогаш ѝ носат анксиозност. „Прошетките во природа, јогата и медитацијата ми помагаат да се опуштам и да ја намалам тензијата.“, вели Сара.
Александар Тајковски пак, забележува дека стресот кај него е краткотраен, но сепак присутен. „Пред испитите чувствувам немир, но се трудам да најдам баланс со трчање или рекреативни активности.“, потенцира Александар.
Според психологот Благоја Лекоски, кој има долгогодишно искуство во советување на студенти и млади лица, стресот кај студентите најчесто е резултат на:
„ Стресот и несоницата се во тесна врска, бидејќи кога човек се чувствува анксиозен или под притисок неговиот нервен систем е активиран, што го прави телото подготвено за акција. Ова го нарушува нормалниот циклус на спиење, правејќи го потешко да се опушта и да заспие. Покрај тоа, недостатокот на спиење може да го зголеми стресот, создавајќи круг, каде што несоницата и стресот се надополнуваат еден со друг. “, објаснува Лекоски.
Стресот и недостатокот на сон значително влијаат врз когнитивните способности. Според Лекоски, студентите кои не спијат доволно имаат:
„Долготрајниот стрес може да доведе и до анксиозност, депресија и намалена самодоверба, што дополнително ја влошува состојбата“, додава тој.
Решенија: Како да го намалиме стресот?
За да го надминат овој проблем, студентите треба да применуваат техники за управување со стресот.
„ Со примена на техники за релаксација, физичка активност подобрување на организацијата на учењето и корегирање на навиките за спиење, како и со користење на социјална и психолошка поддршка, тие може да го намалат влијанието на стресот и несоницата на нивното академско и психолошко здравјe Овие методи можат да помогнат студентите полесно да се справат со стресот и несоницата, со што би се подобриле и нивните академски резултати и психолошка состојба.“, заклучува Лекоски.