ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.09.2024
Источниот регион најтранспарентен, а североисточниот најслабо рангиран во однос на транспарентноста за 2024
Автор: Goce Author

Според најновиот Индекс на активна транспарентност за 2024 година, институциите во Македонија продолжуваат напредуваат во однос на проактивното објавување информации. Извештајот, објавен од Центарот за граѓански комуникации, покажува дека просечната активна транспарентност на општините и министерствата се зголемила на 80%, што претставува раст од 4 процентни поени во однос на претходната година.

Овој индекс е резултат на сеопфатно истражување кое ги оценува обврските на институциите за објавување јавни информации без да се бара пристап до нив. Најистакнати се министерствата, кои достигнаа ниво на транспарентност од 86%, додека општините се подобрени и сега се на 79%.

Лидери во транспарентноста

На врвот на ранг-листата за 2024 година се Министерството за одбрана и пет општини: Берово, Битола, Валандово, Кавадарци и Кичево, кои имаат 100% активна транспарентност. Министерството за одбрана ја задржува оваа позиција четврта година по ред, додека општините постигнаа историски резултати во објавувањето на информации.

Источниот регион, кој го вклучува Штип, повторно е најдобро рангиран меѓу регионите, со 88% транспарентност, додека Североисточниот регион остана на последното место со 72%.

Намалувања и подобрувања

И покрај општото подобрување, одредени институции покажаа пад во нивото на транспарентност. Најзначително намалување е забележано кај Владата, која од 100% активна транспарентност во 2023 година падна на 87%, а најголем пад од 12 процентни поени е забележан кај општина Сопиште.

Од друга страна, голем напредок покажаа општините Зелениково, Карбинци и Арачиново, кои го подобрија нивото на транспарентност за повеќе од 30 поени.

Балканска олимпијада по информатика од 20-26 септември во Охрид
„Студентски отпор“ реагира на новите повисоки трошоци за студирање