ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.05.2023
Истокот се уште „се мачи“ со пристапност за лицата со телесна попреченост

Пристапноста за лицата со телесна попреченост е тема која се говори 30 години наназад во Македонија, а многу малку се има направено. Источна Македонија се уште има проблем со поставување на соодветен пристап за овие лица во јавните институции и местата каде овој пристап е задолжителен за сите.

Има институции каде има пристапна рампа, ама внатре во самите институции не можат да се движат. Пример во Кочани пристапна рампа нема Поштата, нема Центарот за социјални работи. Имаат ѕвонче, но немаат пристапна рампа. Општина Кочани има рампа која е направена пред 10 години од наша страна, но немаат пристап внатре. Е сега граѓаните ако сакаат да дојдат треба да го бараат градоначалникот и тој да се симнува, тоа создава фрустрација кај самите луѓе и мора да се промени, вели Горан Војновски од здружението Мобилност од Кочани.

Горан Војновски

Граѓаните кои се занимаваат со оваа проблематика велат дека понекогаш ова се мали, но понекогаш и поголеми инвестиции, но пристапот до институциите е човеково право кое треба да биде приоритет. Понекогаш и кога се прават пристапните рампи се прават само за имиџ, а не вистински да им се овозможи пристап на граѓаните.

И кога се прават рампи тие понекогаш се надвор од стандардите. Треба да се внимава на аголот и начинот на кој се изведуваат. Ние имаме готови шеми и скици, доволно е оние кои сакаат да инсталираат пристапни рампи да се јават кај нас и ние ќе им дадеме готови планови кои се по стандарди, вели Војновски.

Пристапните рампи кои се изградени во некои институции се на иницијативи на граѓанскиот сектор и реакции на граѓани кои имаат потреба од пристап.

Судбината на штипската болница ќе се знае во октомври/ноември – министерството подготвува документација
Локалните радиостаници во Македонија пред голем предизвик