ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.03.2022
Истражување: Како лажните вести лесно создадоа страв кај младите од вакцините?
Автор: Goce Author

Од претходните истражувања објавени на Гоце.мк видовме кои се стравовите кои младите ги имаат од вакцините и колку од нив се оправдани.

Душан Стојчев од Македонија е многу активен на социјалните мрежи. Пред неколку години сакајќи да провери дали е лесно или тешко да се креира лажна вест пробува да го направи тоа самиот. Седнува пред својот компјутер и за 30тина минути создава нешто што ќе стане вирална вест во регионот. Ви ја пренесуваме неговата приказна:

Ширењето лага е полесно од ширењето вистина?

Очигледно дека ширењето на лажни вести е полесно од што мислиме. Некогаш и полесно од ширењето на вистината. Преку примерите на Душан, но и преку примери на професионални факт-чекери, можеме да видиме дека, особено во време на светска пандемија, ширењето на лажни вести и откривањето на вистината станува малку потешко.

Искуствата покажуваат дека кога се јавуваат светски кризи и предизвици, доаѓањето до вистината станува вистински предизвик. Луѓето се исплашени и веќе нивните емоции носат одлуки наместо нивниот разум. Како резултат на глобалниот феномен со лажни вести, во областа на медиумите се појавија т.н. фактчекери, или проверуачи на факти. Кои професионално се занимаваат со тоа. Вистиномер е македонски сајт за проверка на факти. Од неодамна тие се парнтер на Фејсбук во проверка на факти. Како што видовме тоа е сајтот кој го рецензирал и Душан во време на Ковид 19. Според уредникот на сајтот Владимир Петрески, откривањето на лажните вести во времето на пандемијата било вистински предивик дури и за нив како професионалци.

Порастот на лажните вести во Босна и Херцеговина од почетокот на пандемијата го забележање и од организацијата раскринкавање.ба. Уредничката на овој босанскохерцаговачки портал Тијана Цвјетичанин, говори за влијанието на лажните вести врз населението кога се во прашање вакцините против корона вирусот.

Душан од Македонија е само еден мал пример, но во светот постојат организирани групи на луѓе кои имаат одредена цел да креираат вести и да создаваат паника. Македонскиот институт за медиуми се занимава со анализа на комуникацискиот процес во масовните медиуми веќе долги години. Тие се најрелевантната институција која научно го обсервира креирањето и дистрибуцијата на вестите. Според директорката на Институтот Билјана Петковска,  лажните вести се шират смислено и организирано.

 

Цвјетичанин вели дека, според нејзиното мислење, постојат два фактори кои влијаат на стравот од вакцините, а тоа се дезинформациите т.е. непроверените информации и тоа што населението во БиХ е оставено без конкретни орговори на прашањата поврзани со вакцините.

 

Остроумноста секогаш е добра во проценката на тоа што е вистинита, а што лажна вест. Но, професионалците од Вистиномер и другите организации за проверка на факти, имаат своја методологија. Дел од таа методологија споделија со нас, за да можеме полесно во иднина да препознаеме лажна вест.

Од истражувањето кое го објавивме во три дела заедно со радио Active од Зеница, видовме дека младите имаат различни стравови од вакцините, па дури и оние кои се студенти на медицина имаат одредени стравови. Потоа ги консултиравме експертите кои категорично потврдуваат дека тие стравови се неоправдани, а воедно и министерот за здравство, кој во оваа прилика се согласи дека ќе ја разгледаат можноста за бесплатен достап на научни трудови за студентите по медицина. Со што тие ќе бидат подобро инфромирани и полесно ќе стигнуваат до најновите научмни истражувања. На крајот видовме и колку е лесно да се креира лажна вест и како лесно таа може да се рашири.

Социјалните мрежи не се ординации

Не(знаењето), дигиталната (не)писменост, медиумската (не)писменост, како критичкото мислење се исклучително важни фактори во препознавањето на лажните вести. Социјалните мрежи се еден од најчестите одговори на прашањето „На кој начин се информирате за корона вирусот и вакцинацијата?“.

Затоа секое споделување на социјалните мрежи, особено на информации поврзани со здравјето, може да значи сериозно влијание врз животите на другите луѓе. Проверката на информациите е клучно пред ги споделиме. Можеби тука лежи една од причините за исклучително нискиот процент на вакцинација во Македонија и Босна и Херцеговина, за разлика од Швајцарија, Данска, Германија и другите високоразвиени држави.

 

Истражувањето е реализирано во соработка со Radio Active од Зеница, Босна и Херцеговина. На целото истражување кое е составено од три дела работеа новинарите: Игор Стојанов и Тони Михаилов од ГОЦЕ.МК и Ена Чаушевиќ од Босна и Херцеговина. Истражувањето е објавено и во БиХ на локалните јазици. 

проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица
Воздухот значително загаден и во градинките и школите