ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.02.2025
Истражување: Над 60 отсто граѓани поддржуваат пристап кон ЕУ, пад од 20 отсто на перцепцијата за влијанието на САД во споредба со лани
Автор: Goce Author

Поддршката на граѓаните за пристапување кон Европската Унија се задржува на ниво од 62 процента. Највоздржани се најмладите и највозрасните испитаници, кај кои е констатирана поголема неопределеност. Перцепцијата за влијанието на Соединетите Американски Држави бележи значителен пад кај нашите граѓани – за 20 проценти во споредба со лани – покажуваат наодите од Анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија во 2024 врз основа на анкета од октомври до декември минатата година.

Анкетата ја спроведе Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“-Скопје, кои 11 години ги следат трендовите и перцепцијата на јавноста во однос на европската интеграција.

Резултатите покажуваат дека ЕУ е восприемена како најголем економски партнер, донатор и сојузник на земјава, расте и перцепцијата на граѓаните дека ЕУ има значајно влијание како надворешен фактор. Прашани за приоритетите во надворешната политика, граѓаните го ставиле пристапувањето кон ЕУ како прв приоритет којшто би сакале да го видат од Владата.

Пред презентацијата на наодите од истражувањето, Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС, соопшти дека кај младите  е констатирано „отвореност за позитивни ставови кон Кина“, а кај највозрасните – за Русија.

– Оваа година констатираме дека поддршката се задржува на 62 процента. Оној постојан благ пад што го нотираме веќе цела декада некако застанува, што не значи дека во една поширока слика нема да продолжи. Меѓутоа, можеме да констатираме дека мнозинството граѓани сепак ја поддржува Унијата и таа останува најпосакуван партнер. Она што е интересно е дека највоздржани во однос на поддршка на Европската Унија се најмладите и највозрасните испитаници, кај нив гледаме поголема неопределеност, неодлучност и отвореност за позитивни ставови кон Кина, кај младите, и Русија, кај највозрасната генерација. Тоа не е презначаен процент, но, сепак, вреди да се констатира дека постои, изјави Трошановски.

Појасни дека и кај младите приоритет останува пристапувањето кон Унијата, само што процентот на соработка со Кина и Русија „е малку поголем во однос на другите возрасни категории“. Тоа не значи, рече тој, дека постои „свртување кон Кина“ затоа што прашање за Кина првпат било поставено во годинашната анкета и нема, рече, некои споредливи трендови како било претходно и нема длабинска анализа за причините.

Реформа во Агенцијата за квалитет во високо образование
Свети Валентин, Свети Трифун, вечна дилема…..