ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.12.2022
Истражување: Праксата најголем предизвик за студентите и средношколците по медицина

Практичната настава најмногу „настрадала“ како резултат на корона кризата кај студентите и средношколците по медицина. Ова го покажа истражувањето кое го спроведоа гоце.мк и УГД ФМ.

Од онлајн истражувањето кое беше поставено претходно дознавме дека повеќе од 50% од студенти и средношколци по медицина сметаат дека практичната настава е проблем на кој треба да се работи.

Преслушајте го целото истражување и со заклучен телефон:

Студентите и средношколците имаа можност и да дадат свои коментари или да споделат лични искуства во однос на нивните најгорливи проблеми. Пренесуваме еден од многуте коментари кои се со слична тематика во однос на праксата

Наставата е онлајн, еднаш неделно вежби, прва година. Почетно разочарување. На ваков начин губиме фокус, немаме услови за меѓусебна соработка, исто како да студираме вонредно. Далеку од сликата која си ја имавме при изборот на факултет. Штета е медицина да се учи онлајн кога цела држава посетува редовна настава.

Ги консултиравме и студентските лидери. Годинава лидерката на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е исто така студентка по медицина. Сара Денкова го дели ставот дека праксата е многу значајна за студентите по медицина.

Дека праксата е многу важен сегмент се согласува и претседателот на студентската организација на студентите по медицина СОМА. СОМА е организација на студенти по медицина која ги застапува интересите на сите студенти кои се на медицинските факултети низ државата. Стефан Мишовски е претседател на СОМА и студент по медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Професорката д-р Катарина Смилков од Факултетот за медицински науки при УГД вели дека има прогрес кога станува збор за праксата, но дека е потребно континуирано усовршување и подобрување на плановите и програмите.

Короната во најголем дел придонесе за недостатокот на практична настава кај најголем дел од средношколците и студентите по медицина. Овој сегмент во медицинското образование е задолжителен и според домашната и според меѓународната практика, но за време на ковид пандемијата тоа беше стопирано.

 

Наставата во голем дел од факултетите и средните училишта по медицина во државата се нормализира. Групите продолжуваат да одат на настава со физичко присуство и повторно се полнат амфитеатрите и болничките капацитети. Подобрувањето на наставата во медицинските образовни институции е клучна, затоа што токму ова се кадрите кои се почесто и заминуваат од државата. Според анкетата која ја спроведовме повеќе од 50% од нив веќе размислуваат да ја напуштат државата после завршувањето на нивното медицинско образование.

Професократа Смилков објаснува на кој начин се одвива практичната настава на студиската програма по Фармација на Медицинскиот факултет во Штип

Студентите кои се дел од двете најголеми студентски организации велат дека и самите организации можат да придонесат за подобрување на овие состојби. СОМА веќе иницирале соработка со некои болници надвор од она што го прават факултетите, а УСС при УГД велат дека се решени овие предизвици да ги постават пред своите професори и да ги решат во заеднички разговор.

Според анкетата над 61% од анкетираните одговориле дека се запишале медицина заради тоа што тоа е она што го сакаат. Студиите по медицина моментално се најпопуларни и најбарани на речиси сите универзитети низ државата. Фактот дека голем дел од младите заминуваат да студираат медицина на добри универзитети надвор од државата е доказ дека младите бараат и имаат потреба од поквалитетно образование.

(Видео) Жртва од Јавна Соба: И после три години се чувствувам злоупотребено и незаштитено
(Видео) И Велешкото езеро Младост на удар на бетонизацијата