Според лонгитудинални истражувања кои ги правел Правниот факултет од Штип се намалува желбата на младите за заминување во странство, но сепак голем процент од нив сакаат да заминат. Правниот факултет правел исто истражување во 2014 во 2018 и во 2020 година.
Според анализите на прашањето „Дали би си заминале во друга држава“ во 2014 година 77,3% одговориле „Да“ во 2018 година 76,8% одговориле „Да“, додека во 2020 година овој процент е 58,4%.
Интересно во овие истражувања е желбата на младите да се вратат. Речиси половината од оние кои сакаат да се иселат планираат да се вратат после подолг престој во странство. Овие тенденции не се гледаат во реалноста, но анкетираните ги истакнале како став.
За младите најпривлечен останува таканаречениот „Запад“. САД е прва на листата , а потоа следуваат Германија, Велика Британија па Скандинавските земји. Интересот за Швајцарија кај последното истражување забележливо опаѓа, но и благо зголемување на интерес за мигрирање кон Италија.
Анкетата е направена на околу 700 испитаници на возраст од 15 до 35 години.