ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.03.2022
Истражување: Стравови постојат, но настанале поради дезинфомациите за вакцините
Автор: Goce Author

Преку онлајн анкетите во Северна Македонија и Босна и Херцеговина дознавме кои се најчестите стравови кај младите кога е во прашање вакцинацијата против коронавирусот.

Меѓу младите од БиХ на возраст од 13 до 37 години, 47% не се вакцинирани. Најголем процент, дури 21,1 %, не се вакцинирани бидејќи стравуваат за своето здравје после вакцинирањето.

Кликни да го слушаш целото истражување:

Епидемиологот од Институтот за здравје и безбедност на храната во Зеница, Санела Бечиќ Пекмиќ, вели дека загриженоста и стравовите кај малдите се оправдани само во мал дел, но студиите покажуваат дека вакцините се безбедни и дека не се направени за кратко време како сметаат луѓето.

Од истражувањето откривме дека младите мислат дека вакцините предизвикуваат мутирање на вирусот, дека вакцините се пронајдени за невообичаено краток рок, и дека можат да направат промени во човечката ДНК. За ова ја прашавме и деканката на Факултетот за медицински науки во Штип, проф. Д-р Милка Здравковска, која воедно е специјалист епидемиолог.

Во Северна Македонија, исто како и во БиХ, младите се плашат од вакцинацијата подеднакво како и од последиците на коронавирусот. Од 95 испитаници на онлајн анкета, вакцинирани биле 65. Министерот за здравство на Северна Македонија, Беким Сали, вели дека бројот на вакцинирани не е доволен.

Младите сметат дека вакцината не им е потребна.

Младите сметаат дека се здрави и дека тоа е доволна заштита од Коронавирусот. Тоа е докажано и преку онлајн антеката во БиХ, каде 6,2 % од младите, рекле дека не им е потребна вакцина. Од друга страна, стравот од тромбозата и стерилитетот, кои се појавија после првите вакцини, се меѓу првите на листата на стравови од вакцинацијата против коронавирусот. Епидемиологот Бечиќ, вели дека во БиХ стигнале 3,5 милиони вакцини, а забележени се 34 случаи со нус појави.

Преку истражувањето дознавме и дека еден од стравовите на младите им е тоа дека вакцините влијаат на идната бременост. Со ова воопшто не се согласвуа деканката на Медициснкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Напротив, таа вели дека истражувањата покажуваат дека трудниците се со поголем ризик од лош исход како резултат на инфекција од Ковид 19.

Интересно е што според истражувањата се покажа дека резерви во врска со вакцинацијата имаат и студентите по медицина во Северна Македонија. Една од причините може да биде и недостапноста до релевантна стручна литература.

Министерот за здравство на Северна Македонија, Беким Сали, вели дека ова до сега не го гледале како проблем, но дека ќе се консултира со стручни лица и студентските организации и ќе овозможи достап до стручна литература, ако тоа биде потребно.

Во другите делови на Балканот, во Зеничко-добојскиот кантон, исто така активно се работи на обучување на луѓето, но и едукација на населението за вакцините, нивните ефекти и нус појави. Санела Бечиќ Пекмиќ од Институтот за здравје и безбедност на храната, ни објасни за какви активности се работи.

После почетокот на епидемијата со коронавирусот, целиот свет се соочи со непозната болест, која е посебно комплицирана поради начинот на трансмисија, периодот на инкубација, како и симптомите кои не се специфични само за овој вирус. Поради непознавањето на самиот вирус и неговите ефекти, се појавија низа претпоставки, а претпоставките се претворија во верувања. Денес се соочуваме со многу погрешни верувања за самиот коронавирус, но и за вакцините против COVID-19 вирусот.

… Истражувањето продолжува за тоа како настануваат лажните вести, колку е тешко да се криераат и да се шират. Како лажните вести се ширеа во време на светска пандемија…

 

проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица
Воздухот значително загаден и во градинките и школите