

Великаните Италија и Португалија, силните Русија и Шведска, или незгодните Шкотска и Велс? Кој ќе биде првиот противник на фудбалската репрезентација на Македонија во најтешкиот бараж досега за настап на Светско првенство? Исходот од квалификациите направи во бараж да се најдат двата последни европски шампиони – Италија од 2020, Португалија од 2016, што само по себе говори за квалитетот на бараж противниците и за тешкиот пат до Катар 2022. Во друштво пак на нашата селекција, како репрезентации кои се послабо второпласирани и се неносители, се и Украина, Полска, Турција, Австрија и Чешка. Да потсетиме, сите овие репрезентации ќе бидат поделени во три групи од по четири екипи – по двајца носители и двајца неносители, по што со жреб ќе бидат одредени двпјките од првиот полуфинален бараж. Жребувањето ќе биде на 26 ноември во 17 часот, а за подноставно објаснување како ќе изгледа патот до Катар 2022, еве претпоставена ситуација. Во секоја група ќе се извлечат прво по две репрезентации кои се носители, односно имаат подобар биланс како второпласирани, а потоа и две репрезентации кои се неносители. На пример, ако во една групоа се најдат Италија, Шведска, Македонија и Турција, со жреб ќе бидат одредени полуфиналните дуели (Италија и Шведска не можат де играат меѓу себе, значи можни се дуелите Италија – Македонија, Италија – Турција, Шведска – Македонија или Шведска – Турција). Победниците од тие два натпревари во финален натпревар ќе одлучат кој ќе патува на СП 2022 во Катар. Инаку, на првиот, полуфинален бараж, домакин ќе биде подобро рангираниот тим, значи репрезентацијата од групата на носители, а за финалето домакинот ќе биде одреден со жреб.

Полуфиналните баражите се играат на 24/25 март, а финалните на 28/29 март.
Тешки и неизвесни бараж натпревари, но за Македонија и самиот пласман овде е огромен успех, можност за докажување и се што ќе се случи во баражот е само дополнување на прекрасната фудбалска бајка која започна со настапот на Европско првенство