ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.04.2025
Избрани единаесет нови гласови на „Отскочна даска“

Четвртото издание на „Отскочна даска“, настан во рамките на петтиот Скопски поетски фестивал се одржа воКафе книжарницата Буква во Скопје.

„Отскочна даска“ е платформа што им дава простор на нови, млади автори да зачекорат на поетската сцена и да ја претстават својата поезија пред публика.

По отворањето на конкурсот, беа избрани единаесет најдобри учесници: Брајковска Елеонора, Василева Сања, Неделковска Милена, Постоловски Дарио, Симоновски Борис, Спасовска Бојана, Среткоска Даница, Тасевски Теодор, Трендафилова Дарија и Шапкарова Ана.

Шапкарова Ана, дипломиран професор по македонски јазик, е поетесата која ќе ја претставува новата генерација творци и ќе чита поезија на главниот Фестивал. Настанот беше исполнет со искреност, креативна енергија и поддршка, уште еднаш потврдувајќи ја важноста на ваквите можности за младите поети во Македонија.

 

 

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Штип УГД во борба за одбојкарската титула