
Американскиот стејт департмент соопшти дека е издаден првиот американски пасош со ознаката за род „Х“, дизајниран да им даде нов избор на сите небинарни, интерсексуални и родово неутрални лица, освен традиционалниот „машки“ и „женски“, објави агенцијата Ројтерс.
Покрај пасошите, ознаката X ќе биде достапна во сите конзуларни извештаи за раѓање во странство (CRBA) – потег што веројатно ќе им овозможи на родителите да изберат родово неутрална ознака за новороденчињата. Уште најмалку единаесет земји во светот, меѓу кои Канада, Германија и Аргентина, но и Индија и Пакистан, нудат можност за избор на ознаката „Х“ или „друго“ во своите пасоши.
Photo by Levi Ventura on Unsplash
Уште во јуни беа ублажени правилата, кога на граѓаните на САД им беше овозможено самите да го изберат полот во пасошите. Оние лица кои претходно сакаа да впишат пол кој не одговарал на податокот впишан во матичните книги на родените, мораа да достават лекарска потврда.
Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече дека САД се движи кон додавање на опцијата „Х“ за оние кои аплицираат за американски пасоши или конзуларни извештаи за раѓање во странство.
„Новата можност ќе им се понуди на сите поднесување на барање за издавање пасош од почетокот на 2022. Со ова се истакнува посветеноста за промовирањето на слободите, достоинството и еднаквоста на сите луѓе“, рече Прајс.