ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.09.2023
Излезе првата брошура за млади од самохрани и еднородителски семејства 

Неодамна се објави првата брошура за млади од самохрани и еднородителски семејства, која има за цел едукација на младите од вакви типови на семејства и нивна заштита.

Македонија е првата држава  на Балканот, но и на Европа, каде излегува ваква публикација, со специфична намена, за млади од самохрани и еднородителски семејства.

Издавач на брошурата е Здружението на млади – МЛАДИ ОД СЕМЕЈНА РАЗНОВИДНОСТ,  Автори и уредници на брошурата се: Станиша Станковиќ и Елена Божиновска, графички дизајнер: Марио Стефановски и лектор за македонски јазик: Валентина Јошевска, превод на албански јазик: Вјоса Таипи.

Самата брошура произлегува од спроведените работилниците„Младински политики за младинско учество“. Во текот на работилниците, имавме прилика да запознаеме многу млади луѓе со семејна разновидност, но и оние од традиционални семејства кои сакаа да научат нешто повеќе, па да им пренесат на своите врсници, родители, роднини, но и претставниците на здруженија и фондации, велат издавачите.

ЛИНК ОД БРОШУРАТА: https://drive.google.com/drive/folders/1H-y19xgNx8_dqB6_vsk1KHKURZMECiwS?fbclid=IwAR1a2pmPvJqmdIHlSihuVtoHzJ9aUu8n9Ntk3hHNToLYOzav4n-2X_NWN2Y

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?