ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.11.2021
Изложба за Бигорскиот манастир во Музејот на македонската борба
Автор: Goce Author

Пред да го запознаеме светот, најпрво треба да ја запознаеме сопствената татковина. Затоа обидете се да посетувате изложби кои ќе ви го откријат богатствотона Македонија. Еве ви една препорака – во Музејот на македонската борба за самостојност е поставена изложбата „1.000 години Бигорски манастир“. Изложбата е посветена на Бигорскиот манастир, реализирана е во соработка со ансамблот „Македонија.

Дел од изложените материјали се и осум олтарни, две чудотворни, две тронски икони, кивот од капакот на моштите, како и особено драгоцени и вредни предмети од 18, 19 и 20 век – митра, игуменски крст, епетрахил, жезол, рипиди со среафими, истакнуваат од Музејот.

Посетителите можат да ја посетат изложбата до 28.11.2021 година, во согласност со мерките за заштита од Ковид19, а влезот е слободен.

Богатата историја на манастрирот датира од 1020 година, кога бил основан од монахот Јован. Во 16 век, манастирот бил разурнат од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останала само мала црква. Повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромахот Иларион,кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Манастирот бил изграден од бигор, оттаму потекнува и неговото име Бигорски. Иконостасот во манастирската црква е еден од најубавите во земјава, но и пошироко.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?