ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.03.2024
Израел ќе го смени текстот на песната за Евросонг
Автор: Goce Author

Израел ќе го промени текстот на песната со која има намера да се натпреварува на Изборот за песна на Евровизија за да ги отстрани сите политички елементи и да го гарантира своето учество, објави Израелската радиодифузна корпорација (КАН).

Откако првично се закани дека ќе се повлече од натпреварот доколку израелската песна не биде прифатена како што е, КАН на крајот објави дека  се согласиле со мислењето на израелскиот претседател Исак Херцог, кој ги предложил потребните прилагодувања.

КАН контактираше со текстописците на двете избрани песни, „Октомвриски дожд“, која беше избрана прва и „Танц засекогаш“, која беше втора, барајќи од нив да го адаптираат текстот додека ја одржуваат уметничката слобода, соопшти корпорацијата.

„Октомвриски дожд“ не го спомнува експлицитно крвавиот напад што Хамас го изврши на југот на Израел на 7 октомври, но според израелските медиуми и независните набљудувачи, текстот на песната не остава простор за сомнеж.

„Танцуваме во бура/Немаме што да криеме/Однеси ме дома/Остави го светот зад себе/И ветувам дека никогаш повеќе нема да се повтори/Уште сум влажен од овој октомвриски дожд“, е текстот на песната.

По добивањето на изменетите текстови, јавното радио и телевизија ќе избере песна што ќе ја испрати до организаторите за да можат да го одобрат учеството на Израел на натпреварот, додаде КАН.

Евровизија не сака, ама дефинитивно е политика!

До 10 март ќе се знае која песна е избрана.

Израелско-руската пејачка Еден Голан треба да го претставува Израел на Евросонг кој ќе се одржи во мај во Малме, Шведска.

Неколку земји ги повикаа организаторите да му забранат на Израел да учествува на Изборот за песна на Евровизија во знак на протест против огромните жртви во војната во Појасот Газа.

Израел е првата неевропска земја на која и е дозволено да учествува на Песна на Евровизија во 1973 година. Израелците победија четири пати.

Linkup.mk-нова платформа на интернет сцената
УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба