ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.09.2025
Извештајот за медиумите ги потврди медиумските „маки“
Автор: Goce Author

Извештајот за слободата на медиумите во Македонија уште еднаш ги нотираше состојбите кои го „мачат“ македонското новинарство. Состојби кои им се добро познати на новинарите и медиумските работници, како и на еснафските организации. За жал, и состојби за кои немаме соодветен одговор или лек, нема висгтински реформи во медиумите, нема подобри плати и стандард за новинарите, нема лек за нераскинливите врски на медиумите и политичко партиските центри, нема решение ни за неатрактивноста на новинарската професија и запишувањето на по два – тројца студенти на студиите по новинарство.

Бавното темпо на медиумските реформи, силното политичко влијание, економската ранливост и растечкото присуство на дезинформации, сериозно ја поткопуваат довербата на јавноста во медиумите во Северна Македонија.

Ова е главниот заклучок од најновиот Извештај од сенка за слободата на медиумите. Извештајот беше презентиран во Европска куќа во Скопје, од страна на Фондацијата Метаморфозис и Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa (OBCT).

Според Серена Епис од OBCT, ситуацијата во Северна Македонија е слична со онаа во повеќе земји од ЕУ и земјите-кандидати.

Зоран Ричлиев од Фондацијата Метаморфозис посочи дека политичките притисоци, економската несигурност и дезинформациите се главни фактори за ниската доверба на јавноста во медиумите. Според Горан Ризаов, раководител на програмата Информациски и медиумски интегритет, проблем се ниските новинарски плати, нестабилните работни односи и неусогласената регулатива.

Извештајот содржи препораки за властите и институциите

Извештајот содржи и препораки до македонските власти и до институциите на ЕУ за преземање решителни чекори во насока на унапредување на медиумските слободи во согласност со европските и меѓународните стандарди.

На презентацијата на извештајот се одржа панел-дискусија на тема „Дали македонските медиуми можат да ја исполнат улогата од јавен интерес“, на која говореа Снежана Трпевска од институтот РЕСИС, и Милан Спировски од Здружението на наовинарите на Македонија (ЗНМ).

Трпевска говореше за честите измени на законската регулатива, како на пример Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, како и последните измени на Законот за медиуми. Во однос на Законот за аудио-визуелни медиумски услуги таа посочи дека тој до сега е сменет најмалку 15 пати, и содржи голем број недоречености.

Прекин за притисоците и навредите кон новинарите – порачаа новинарите преку декларација до институциите на државата

Според нејзе, ако е толку важна регулативата тогаш е потребно да се внимава и на начинот на кој се носат и прават законите.

Според Спировски од ЗНМ, пак, правната рамка е „речиси добра“, но се каска со нејзиното спроведување посочувајќи дека само 10 проценти од пријавите од страна на новинари добиле судски епилог во изминативе пет години.

Овој извештај е дел од иницијативата Media Freedom Rapid Response, европски механизам кој следи и реагира на прекршувања на медиумските слободи во ЕУ и земјите-кандидати.

Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија
Студирање и работење – секојдневие за студентите