ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.12.2025
Извидниците апелираат – да го реновираме стариот Офицерски дом!

Извидниците од „Еквинокс“ од Штип ги повикуваат граѓаните, фирмите и компаниите да донираат и да им овозможат средства и потребни материјали за реновирање и враќање во функционална состојба на некогашниот Офицерски дом во Штип.

Сега разурнатиот објект, извидниците од Штип се трудат да го реконструираат и да го искористат за состаноци, едукација и работилници со извидничка тематика. Одредот во Штип, кој моментално брои 101 член, веќе една година работи кон подобрување на условите на објектот и враќање во нормална состојба.

До сега, извидниците самостојно и посветено работеа кон замена на кровот, прозорите и вратите на објектот, но се далеку од посакуваната замисла. Нивна цел е собирање на финансиски средства во вредност од 15.000 евра или донација на градежни материјали.

Што значи извидништвото и како да станете извидник?

Извидниците истакнуваат дека нивната основа е волонтирањето и вложувањето во заедницата, нешто што несебично го работат со години и допринесуваат во општеството. Очекуваат дека граѓаните и компаниите ќе вложат во нивниот развој, а тие ќе продолжат со обучување на нови извидници и деца кои ја сакаат природата и се подготвени да стекнат извиднички вештини.

Автори: Ирена Жежова и Александар Величков

Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија
Студирање и работење – секојдневие за студентите